Дома Останати Кошарка Лејкерс редат порази, Дончиќ не криеше дека е загрижен: Побара промени!

Лејкерс редат порази, Дончиќ не криеше дека е загрижен: Побара промени!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше видливо разочаран по уште еден неуспех на неговиот тим во НБА лигата, и истакна дека се потребни промени, започнувајќи од него самиот.

И покрај тоа што го имаат можеби најмоќниот тим според имињата, Лејкерс тоа не успеваат да го демонстрираат на теренот. Вчеравечер доживеаја трет последователен пораз во лигата. Хјустон ги совлада со 119:96 на гостински терен, дополнително зголемувајќи ја нивната лоша серија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот Џеј Џеј Редик прв се обрати пред медиумите сериозно, свесен дека тимот му треба освежување, а потоа истото го истакна и Дончиќ, на кој се гледа дека работите не се во ред.

“Не сум сигурен што точно треба да се промени, но нешто дефинитивно треба. Трети пат по ред сме поразени. Потребно ни е да разбереме што се случува. Тоа е она што сите треба да го направиме – да разговараме за ова”, вели Дончиќ и продолжува:

“Свесен сум дека тренерот рече дека ќе биде непријатно, и како што треба да биде. Не знам, како што спомнав, мораме сите да разговараме. Веројатно ќе биде непријатно, но сите треба да се трудиме повеќе, започнувајќи од мене. Сите мораме да се предизвикаме еден со друг и да ја прифатиме одговорноста. Не постои начин на кој треба да играме вака. Мораме да бидеме подобри од ова”, заврши Словенецот.

Имајќи предвид дека Остин Ривс поради повреда на листот ќе отсуствува подолг период, Дончиќ ќе се соочи со уште поголеми предизвици во обидот да ги врати Лејкерсна вистинскиот пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што никогаш не е виден во НБА за Божиќ (Видео)

Според традицијата, секогаш на Божиќ се играат натпревари во НБА лигата, и така беше и ова…