Дома Фудбал Останато Објавена шокантна снимка: Погледнете како изгледаше лицет на Пол по нокаутот од Џошуа (Вознемирувачко видео)

Објавена шокантна снимка: Погледнете како изгледаше лицет на Пол по нокаутот од Џошуа (Вознемирувачко видео)

Шпанскиот весник Marca синоќа објави вознемирувачко видео од американскиот јутјубери боксер, Џејк Пол, кој претрпе тежок пораз во борбата со Ентони Џошуа.

Минатата недела Џошуа го нокаутираше Пол на борбата одржана во Мајами. Решавачкиот удар дојде во шестата рунда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тогаш, Џошуа го совлада Пол со силен десен удар, од кој јутјуб ѕвездата не можеше да се подигне, а судијата ја прекина борбата.

По борбата, Пол заврши во болница и објави дека успешно бил опериран, откако Џошуа му ја скрши вилицата на две места со нокаутот.

Сега, шест дена по борбата, додека Пол се опоравува од операцијата, Marca објави видео од неговиот изглед по операцијата и сериозната повреда.

“Операцијата помина успешно, благодарам на сите за љубовта и поддршката. Имам две титаниумски плочки од секоја страна. Извадени ми се некои заби. Следните седум дена ќе можам да консумирам само течности,” изјави Пол по операцијата.

Снимката која вознемирува можете да ја погледнете овде.

За Пол, ова беше 14. професионална борба и втора против активен боксер, а воедно и втор пораз, бидејќи претходно беше поразен од Томи Фјури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Таеквондо федерацијата ги прогласи најдобрите за 2025 година

Со настанот „Најдобрите во лига системот на Македонската таеквондо федерација“, вчера беа …