Дома Фудбал Еден од најдобрите фудбалери си заминува од Шкендија!?

Еден од најдобрите фудбалери си заминува од Шкендија!?

Шкендија, актуелниот македонски шампион, се соочува со можноста да остане без еден од своите клучни фудбалери, откако се појавија информации дека Клисман Цаке е пред трансфер во Русија.

Како што пренесува „xmksport“, тетовскиот клуб би можел наскоро да се раздели со албанскиот интернационалец, кој е во напредни разговори со тим што настапува во највисокото фудбалско натпреварување во Русија. Интересот доаѓа по одличните партии што Цаке ги прикажува оваа сезона, со што се наметна како еден од најважните играчи во составот на Шкендија.

Неговите настапи не поминаа незабележано кај странските клубови, а тоа го потврдува и податокот од „Трансфермаркт“, каде што е означен како највреден фудбалер на тетовчани со проценета вредност од 700.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…