Дома Фудбал И Најдоски се огласи: Ангеловски не е име и презиме што заслужува реакција!

И Најдоски се огласи: Ангеловски не е име и презиме што заслужува реакција!

По реакцијата на Новески, следен кој испрати одговор до Игор Ангеловски е Илија Најдоски.

Кој порача дека тоа што Ангеловски ги нарекол „стаорци“ повеќе зборува за него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, ситуацијта која веќе прераснува во сапуница започна со рекацијата на Ангеловски по изборот на Седлоски за селектор, потоа се огласи Пандев, па претседателот Омерагиќ, за утрово да следи нова реакција на Ангеловсски на која досега одговорија Најдоски и Новески.

 „Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во периодот кога селектор беше Благоја Милевски, кога наместо поддршка имаше постојани опструкции, коментари и обиди за влијание. Таквото однесување не ѝ помогна ниту тогаш, а уште помалку ѝ помага сега на Македонија“.

Во моменти кога е потребна јасна поддршка и заедничка енергија, некој повторно избира лични битки и рушење на атмосферата. Репрезентацијата е над секој поединец и мора да остане така. Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија „стаорци“. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас“.

Искрено, не е име и презиме што заслужува реакција од моја страна, но ова што се обидува да го наметне ја надминува секоја мера. Македонскиот фудбал нема потреба од поделби, навреди и лични фрустрации, туку од почит, одговорност и поддршка за репрезентацијата“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има листа која е сè подолга, а опциите сè полоши – ова се решенијата за една од најважните позиции!?

Тренерот на Барселона Ханси Флик и спортскиот директор Деко се согласија дека клубот треба…