Дома Фудбал Трагедија: Почина вереничката на фудбалер на Ајакс, целиот стадион плачеше (Видео)

Трагедија: Почина вереничката на фудбалер на Ајакс, целиот стадион плачеше (Видео)

Деветнаесетгодишниот фудбалер на Ајакс II се соочува со страшна лична трагедија, откако неговата партнерка Елиса (21) починала од повреди здобиени во сообраќајна несреќа во која возачот избегал. Девојката го изгубила животот средината на декември додека трчала, а веста го потресе не само фудбалерот Марко Веркујл, туку и целиот клуб и пошироката фудбалска јавност.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Елиса, во четврток, 18 декември, трчала во областа помеѓу Едеј и Венендал во централна Холандија, кога автомобил ја удрил. По ударот, таа здобила тешки повреди и била префрлена во болница, каде што подоцна починала. Според информации од полицијата, педесетичетиригодишната жена избегала од местото на несреќата, но набрзо била лоцирана во својот дом и приведена. Истражувањето на околностите на трагедијата е во тек.

Веркујл, кој во моментов закрепнува по повреда на задната ложа, и покрај огромната болка, во недела, 22 декември, се појави со своите соиграчи пред натпреварот на Ајакс. Пред почетокот на мечот, младиот играч од средниот ред и оддаде трогателна почит на својата почината партнерка. Тимот пред домашниот дуел против РКЦ Валвајк одржа минута молк, а фудбалерите носеа црни ленти.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Атлетико: Два клучни играчи се повредија против Арсенал и под знак прашалник се за реваншот

Нови големи проблеми со повреди за Атлетико Мадрид. Покрај отсуството од Пабло Бариос и Ни…