Дома Фудбал Меси и неговото семејство синоќа дознаа страшни вести!

Меси и неговото семејство синоќа дознаа страшни вести!

Лео Меси имаше навистина добра сезона зад себе, а неговиот фокус, секако кога е во прашање фудбалот, е на Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Америка, Канада и Мексико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, Меси и неговото семејство добија страшни вести само неколку дена пред новогодишните празници, а и Божиќ.

Според информациите на America TV Lam, кои ги пренесоа многу светски медиуми, па дури и шпанскиот AS, вчера тешко настрадала сестрата на Меси, Марија Сол.

Станува збор за 32-годишна девојка која тешко настрадала во сообраќајна несреќа што се случила во Мајами.

Позитивната вест е дека моментално се наоѓа во стабилна состојба, но тоа што е лошо е дека добила тешки повреди.

Новинарот Анхел де Брит тврди дека Марија Сол загубила контрола врз возилото додека возела и удрила во ѕид.

Задобила повеќекратни повреди, кои вклучуваат и скршен пршлен, скршена пета, но и тешки изгореници на делови од телото.

Најверојатно ќе биде потребно долго опоравување, но животот ѝ не е загрозен и тоа е најважното во целата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо плачеше како мало дете – остана без уште еден трофеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на јапонската Гамба Осака го победија Ал-Наср со 1:0 во финалето на азиската Б…