Дома Фудбал Замена за Дамфрис? Четворица на листата!

Замена за Дамфрис? Четворица на листата!

Дензел Дамфрис е повреден и нема да се врати наскоро, предвидувањата се дека повторно ќе биде на теренот дури во месец март. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потребна е операција, па е прашање и во каква состојба ќе биде неговиот зглоб по враќањето на теренот. 

Поради тоа, Интер одлучи да започне потрага по играч кој може да одговори на позицијата десен бек, а на листата што е доставена до управата на клубот од стручниот штаб и спортскиот сектор има четворица играчи. 

Прв е некогашниот фудбалер на Интер, Раул Беланова, момче кое е и репрезентативец на Италија и кој е стандарден во Аталанта, па веднаш е јасно дека многу тешко ќе ја промени средината уште во јануари и дека ќе се откаже од него “богинја”. 

Втор – Брук Нортон-Кафи, некогашен фудбалер на Арсенал, кој сега е член на Џенова, но со него има проблем бидејќи во Интер сметаат дека не е најдобар во одбранбената игра.

Покрај нив двајцата, се споменуваат и Морис Валинчиќ од Ријека, како и Идриса Туре од Пиза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…