
Инсајдерот на Јувентус, Мирко Ди Натале, откри дека Јувентус го следи Доминик Ливаковиќ (30) кој во моментов не брани во Жирона. Италијанскиот гигант бара нов голман бидејќи Матија Перин сака да се врати во Џенова. Јувентус наводно веќе го има разгледувано хрватскиот репрезентативец со цел да го донесе како конкуренција на првиот голман Микеле Ди Грегорио. Претходно, интерес за Ливаковиќ покажа и Џенова, но се чини дека самиот играч се одлучил за враќање во Хрватска.
Да потсетиме, Ливаковиќ моментално е на клупата на Жирона. Тој пристигна таму на позајмица од Фенербахче. Голманот од хрватскиот национален тим одлучи да ја напушти Шпанија, бидејќи не добива минути на теренот и очекува да се врати во Турција за време на јануарскиот трансфер период. Претходно беше пишувано дека Ливаковиќ е блиску до враќање во Динамо Загреб и дека и клубот сака да ја види својата легенда повторно на голот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ливаковиќ изминатово лето премина на позајмица во Жирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кој има договор до 2028 година. За време на овој период, тој не се појави на натпреварите на шпанската екипа и само учествуваше на три квалификациски натпревари за Светското првенство на Хрватска.