Дома Останати Ракомет Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за настапот на Европското првенство, а покрај селекторот Кире Лазаров, пред новинарите се обрати и еден од најискусните ракометари во националниот тим – Филип Кузмановски.

Искусниот бек истакна дека чувството повторно да се биде дел од големо натпреварување е посебно, нагласувајќи дека јануари секогаш носи посебна емоција кога се брани државниот дрес.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Среќен сум што повторно ќе бидеме дел од едно големо натпреваруваање и ова е најубавиот дел од годината, кога се бориме за својата држава. Имаме тешка група, но имаме и квалитет да се бориме. Пред нас е период во кој ќе се подготвуваме и ќе одиграме неколку пријателски натпревари кои сигурно ќе ни помогнат. Репрезентацијата од година во година е позрела и покажуваме квалитет, исто така и македонското првенство оваа година направи играчите да бидат поквалитетни. Голем дел знаат како да играат на резултат, имаме повеќе дерби натпревари, сите што се тука имааат главни улоги во клубовите“, изјави Кузмановски.

Тој додаде дека во националниот тим владее одлична атмосфера и дека сите играчи се максимално мотивирани за предизвиците што следуваат на европската сцена.

Македонија на континенталниот шампионат, кој започнува на 16 јануари, ќе настапи во исклучително силна група заедно со домаќинот Данска, како и селекциите на Португалија и Романија, а подготовките и пријателските натпревари треба да помогнат тимот подготвено да го дочека овој голем испит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Падна еден од најважните потписи во Вардар!

Вардар и пивотменот Милан Лазаревски го продолжија договорот и играчот ќе остане дел од цр…