Дома Фудбал Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

По минатогодишната сезона, која беше најслабата за Пеп Гвардиола од кога тој е на кормилото на Манчестер Сити, јасно е дека шпанскиот стратег е решен да не се дозволат повторувања на такви резултати.

Граѓаните играат многу подобро од претходната сезона, што го докажуваат и резултатите бидејќи сè уште се во борба за речиси сите трофеи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Гвардиола одлучи да воспостави поголема контрола врз неговиот тим, што најдобро се гледа во одлуката што ја донесе пред играчите на Сити да заминат на заслужен одмор.

По победата над Вест Хем, играчите на англискиот клуб добија неколку дневно слободно време и успеаја да поминат со семејствата барем малку време пред новогодишните празници.

Сепак, тие веќе за Божиќ ќе мора да се вратат на своите клупски обврски бидејќи веќе на 27 декември играат против Нотингем Форест.

Поради тоа, Гвардиола реши да воведе посебно правило за да избегне сценарио што често се случуваше претходните сезони, при кое многу играчи на Сити успеале да добијат тежина во овој краток празничен период.

Затоа шпанскиот тренер најави дека секој играч на Сити мора да се измери пред да замине од тренинг центарот, а потоа ќе мора да се провери тежината по враќањето од одмор.

“Вчера сите играчи беа измерени. Сакам да контролирам колку килограми ќе добијат за време на одморите бидејќи тоа се случува секоја година. Тие мораат и сами да се контролираат во врска со храната, зголемувањето на тежината за толку краток период не е добро”, изјави Гвардиола и додаде.

“Ако некој се врати со три или повеќе кила од она што го имаше во петок, тогаш нема да патува на натпреварот против Нотингем Форест и ќе остане во Манчестер”.

Инаку, натпреварот меѓу Нотингем Форест и Манчестер Сити ќе се игра на 27 декември од 13:30 часот, а веќе на 1 јануари Граѓаните ќе гостуваат на екипата на Сандерленд.

А, со тоа не завршува “жешката” програма за нив. Тимот на Гвардиола на 4 јануари ги очекува дерби натпревар против екипата на Челзи, а три дена подоцна на Етихад ќе го пречека тимот на Брајтон.

Потоа, веќе на 10 декември играат во ФА Купот против Ексетер, а на 13 јануари одат на гости кај Њукасл. Четири дена подоцна е на распоред големото градско дерби на Олд Трафорд меѓу Јунајтед и Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисус разочаран: Што да правам, ми свират од првата минута!

Реал Мадрид во саботата на стадионот Сантијаго Бернабеу ја совлада Севиља со резултат 2:0 …