Дома Фудбал Никој како Кејн: Го сруши рекордот на Робен со 40 натпревари помалку!

Никој како Кејн: Го сруши рекордот на Робен со 40 натпревари помалку!

Хари Кејн претставува вистинска голгетерска машина.

Овој викенд, Кејн повторно погоди во триумфот над Хајденхајм на гости со резултат 4:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ангглисскиот репрезентативец досега постигна вкупно 100 гола и асистенции во Бундеслигата по само 78 натпревари. Претходен рекордер во дресот на Баерн Минхен беше легендарниот Арјен Робен, на кого му беа потребни 118 натпревари за истото достигнување.

Откако пристигна во Баерн, Кејн има во Бундеслигата дадено 80 голови и додаде уште 20 асистенции, што никој досега не го постигнал.

Ако ја разгледаме календарската 2025 година, Кејн постигна дури 60 голови за клубот и репрезентацијата, што само ја потврдува неговата позиција како еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…