Дома Фудбал Фантастичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“: Многу шанси и четири гола – на крајот реми на Њукасл и Челси! (Видео)

Фантастичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“: Многу шанси и четири гола – на крајот реми на Њукасл и Челси! (Видео)

Фудбалерите на Њукасл и Челзи одиграа исклучителен натпревар во рамките на 17. коло од англиската Премиер лига, кој заврши нерешено со резултат 2:2 на Сент Џејмс Парк.

Домашниот тим енергично го отвори мечот и веќе во четвртата минута дојде до предност. По хаотична ситуација во шеснаесетникот, Ник Волтемаде се снајде најдобро и со силен удар ја испрати топката во мрежата за 1:0.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Њукасл продолжи со притисокот, а добрата игра беше крунисана со вториот гол во 20. минута. Ентони Гордон му асистира на Волтемаде, кој хладнокрвно погоди за 2:0, што беше потврдено по ВАР проверката.

До паузата, Њукасл имаше уште неколку опасни шанси, вклучувајќи ја и големата можност на Луис Мајли, чииот удар со глава заврши малку над гредата.

Во вториот дел, Челзи играше многу поодлучно и брзо се врати во натпреварот. Во 49. минута, Рис Џејмс го демонстрира својот квалитет од прекин, прецизно погодувајќи од слободен удар за намалување на резултатот до 2:1.

Целосното враќање на Челзи следеше во 66. минута, кога Жоао Педро ги искористи слабостите во одбраната на домаќините, излезе сам пред Арон Рамсдејл и постигна рутински гол за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првите денови на јануари носат голем трансфер: Семењо договори лични услови со три клуба

Јануарскиот преоден рок во 2026 година сигурно ќе донесе спектакуларни трансфери, а еден о…