Дома Фудбал Артета носи два засилувања во јануари за борба за титулата во Премиер лигата

Артета носи два засилувања во јануари за борба за титулата во Премиер лигата

Многумина предвидуваат мирен јануарски трансфер период за Арсенал, бидејќи во текот на летото донесоа осум нови фудбалери. За Арсенал минатото лето потпишаа играчи како што се Ебереќи Езе, Виктор Гјокерес, Нони Мадуеке и Зубименди.

Сепак, изненадување е што Артета наводно јасно му ги кажал плановите на спортскиот директор Андера Берта за јануарскиот трансфер период и дека сака двајца нови фудбалери.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Англиските медиуми тврдат дека Артета е загрижен поради повредите и длабочината на тимот, и како тоа би можело да влијае на нивниот предизвик за освојување на титулата во Премиерлигата.

Штопер и врeден фудбалер се две позиции на теренот што Артета сака да ги засили кога ќе се отвори јануарскиот трансфер период, тврдат Англичаните.

Што се однесува до одбранбените опции, на Артета многу му се допаѓа младиот играч на Рен, Жереми Жаке, но тие исто така разгледуваат влез во борба за потписот на Марк Гуехи од Кристал Палас.

Топџиите исто така го следат играчот на Спортинг, Усман Диоманде, но се очекува тој да потпише нов договор во Португалија.

Четвртиот, воедно и последниот штопер кој е на радарот на Арсенал е Натанјел Браун од Ајнтрахт, кого Артета и Берта го ценат поради неговата разноврсност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toтенхем доби два црвени картони, Ливерпул победи во дербито – Исак даде гол и се повреди! (Видео)

Во рамките на 17. коло од Премиер лигата, Ливерпул оствари важна победа на гостувањето во …