
Шкендија направи историски успех обезбедувајќи пласман во плеј-офот на Конференциската лига, а воедно се познати и можните ривали во следната рунда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тетовскиот клуб настапот во лигашката фаза го заврши на 22. позиција на табелата, што значи дека во нокаут-фазата ќе се соочи со екипа која го освоила 11. или 12. место. Како потенцијални противници се јавуваат полскиот Лех Познан и турскиот Самсунспор.
Еден од овие два клуба ќе застане на патот на Шкендија во борбата за пласман понатаму, а конечниот одговор ќе биде познат на 16 јануари, кога е закажана официјалната ждрепка.