Дома Фудбал Шкендија се избори за нокаут-фаза во Конференциската лига

Шкендија се избори за нокаут-фаза во Конференциската лига

И покрај поразот на гостувањето кај АЕК Ларнака (0-1), македонскиот шампион Шкендија обезбеди пласман во нокаут фазата од Конференциската лига и испиша историја во домашниот фудбал. Тетовци станаа првиот македонски клуб што ќе игра европска пролет и нокаут фаза во едно европско натпреварување.

На натпреварот во Ларнака, АЕК имаше поништен гол во 43. минута поради офсајд по ВАР-интервенција. Во вториот дел Шкендија остана со играч помалку откако Латифи доби црвен картон, а домаќините ја искористија предноста и постигнаа победнички гол преку Ангиелски во 83. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај минималниот пораз, благодарение на останатите резултати, Шкендија ја задржа позицијата што води во нокаут фазата и оствари историски успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо не успеа да го спречи трансферот на Бензема

Карим Бензема ќе премине од Ал-Итихад во Ал-Хилал. 38-годишниот Французин одби да игра пов…