Дома Фудбал Tрагедија во семејството на хрватскиот репрезентативец: Почина неговиот татко

Tрагедија во семејството на хрватскиот репрезентативец: Почина неговиот татко

Тажни вести пристигнуваат од Италија. Аталанта преку своите официјални профили потврди дека починал таткото на Марио Пашалиќ, Иван Пашалиќ. Во знак на почит и сочувство, божиќната вечера на Аталанта која беше планирана за среда вечер беше откажана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Семејствата Перкаси и Паглиука, раководството на клубот, тренерот Рафаеле Паладино и неговиот тим, соиграчите и сите вработени и соработници на Аталанта БК со големо сочувство се со Марио Пашалиќ поради загубата на саканиот татко. Марио во овој тежок момент добива најдлабока поддршка и наклонетост, како и израз на сочувство за семејството Пашалиќ и сите роднини и пријатели”, се вели во објавата на клубот.

“Моите се од Томиславград, сопругата е од Врлика, но веќе над 50 години сме во Каштела. Мене татко ми ме учеше да го сакам Хајдук, така и јас го поучував Марио. Ние секогаш први потпишувавме и стипендиски и професионални договори и тоа секогаш без трансфер надомест. Марио е дете на Хајдук, тука е израснат и воспитан. Хајдук му е сè”, изјави еднаш Иван Пашалиќ додека Марио играл за Хајдук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …