Дома Фудбал Беше еден од најдобрите во Интер, сега го чека пауза до пролет

Беше еден од најдобрите во Интер, сега го чека пауза до пролет

Дензел Дамфрис, одбранбениот играч на Интер, беше подложен на хируршка интервенција во Лондон поради повреда на левиот зглоб и ќе биде отсутен од терените за тимот на Кристијан Киву во наредните два до три месеци.

Можноста Интер да го загуби овој фудбалер на крајот од сезоната расте, особено што тој неодамна промени агент со цел да обезбеди подобар договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– На Дензел му беше направена операција за стабилизација на левиот зглоб во клиниката “Фортиус” во Лондон. Холандскиот играч ќе минува низ режими за закрепнување во наредните недели – стои во официјалното соопштение на Нероазурите.

Италијанските медиуми предвидуваат дека Дамфрис ќе може да се врати до средината на март. Неговата сезона во 2025 веќе изгледаше завршена, но Холанѓанецот ќе ги пропушти и јануари и февруари, со надеж дека ќе се врати кон почетокот или средината на март.

Дамфрис се повреди во првенствената средба против Лацио на девети ноември и оттогаш не ги брани боите на Интер ниту на холандската репрезентација, иако беше повикан од Роналд Куман за последните две натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Кристијано Роналдо денес ќе ја пропушти втората последователна натпревар против Ал-Итихад …