Дома Останати Навивачка сакаше да отвори сок на -20: Погледнете што се случи (Видео)

Навивачка сакаше да отвори сок на -20: Погледнете што се случи (Видео)

Навивачка на Чикаго Беарс стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако на ТикТок објави видео каде нејзиниот пијалак на трибините буквално се замрзнува и се претвора во густа, ледена каша под влијание на екстремно ниските температури.

Клипот на корисничката Lizzz Win$ ја прикажува смеата и неверувањето на навивачите додека гледаат како популарниот пијалак се смрзнува во чашата во текот на натпреварот против Кливленд Боунс што најдобро ги отслика суровите услови на стадионот.

Се работи за реална ситуација, потврдуваат и официјалните податоци од клубот. На почетокот на натпреварот температурата беше -13 степени Целзиусови, но силниот, леден ветер создаваше чувство дека е речиси -20 степени.

На крајот, издржливоста на навивачите на студениот воздух се исплатеше. Играчите на Чикаго Беарс убедливо ги победија Bengals со резултат 31:3, носејќи барем малку топлина на замрзнатите фанови.

Инаку, видеото за помалку од еден ден веќе го прегледале над 7 милиони корисници на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Партизан не испушта бодови: Нови 3-0 за врвот во Србија

Одбојкарите на Партизан го совладаа Караѓорѓе и со максимални девет бода по три кола се пр…