Дома Фудбал Се појави објаснување: Кансело не нападнал патник во авион, еве за што станувало збор (Видео)

Се појави објаснување: Кансело не нападнал патник во авион, еве за што станувало збор (Видео)

Португалската фудбалска ѕвезда Жоау Кансело повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради неговите движења на теренот. Видео од авион на кое се гледа како играчот на Ал Хилал губи нерви и напаѓа патник кој го снимал, брзо се прошири на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Краткиот исечок што го прикажува триесет и едно годишниот Кансело како му приоѓа на сопатникот, го фаќа за раката и со удар го прекинува снимањето, предизвика лавина од негативни коментари и осуди на интернет против ѕвездата на саудискиот клуб и поранешен играч на Манчестер Сити, Јувентус, Барселона, Баерн и Бенфика.

Сепак, наскоро се откри дека целата ситуација била само несполучлива шега. Подолжната верзија на снименото видео, објавена на TikTok, покажа дека “нападнатиот” патник всушност е соиграчот на Кансело, Али Насер Ал-Булајхи, и дека двајцата си се смееле и се шегувале. Сам Кансело потврди дека се работи за шега објавувајќи повеќе приказни на Instagram со истото видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез го повлече Симеоне настрана и му кажа нешто: „Испливаа“ детали од изговореното

Хулијан Алварез направи нов чекор во обидот да го напушти Атлетико Мадрид, а овој пат свој…