Дома Останати Кошарка Никој никогаш вака не доминирал во САД: Женска кошаркарка има повеќе поени од минути (Видео)

Никој никогаш вака не доминирал во САД: Женска кошаркарка има повеќе поени од минути (Видео)

Неверојатната американска кошаркарка Ауди Крокс ги поместува границите не само во женската, туку и во целокупната кошарка во Соединетите Американски Држави.

Крокс (20), која уште во средношколските денови привлече внимание со својот снажен физички изглед и завидни технички способности, продолжи да импресионира и на колеџ каде што блеска на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првите две сезони достигна просек од 19.2 и 23.4 поени, а оваа сезона навистина блеска и е на пат да постави нов рекорд во САД, кој тешко дека ќе биде надминат од било која кошаркарка или кошаркар.

Во последната победа на нејзиниот тим со резултат 74:69, Крокс блескаше и заврши натпреварот со 30 поени и 10 скокови со 13/20 шут од игра.

Кошаркарка со висина од 191 сантиметар и тежина од околу 130 килограми продолжува низа од три натпревари по ред со 30+ поени, рушејќи го рекордот на тимот Лоу Стејт..

Но, што е уште позначајно е нејзината статистика оваа сезона. Таа постигнала вкупно 306 поени во само 283 минути игра распределени вкупно на 11 натпревари.

Таа е моментално најдобрата поентерка во првата дивизија на NCAA со просек од 27,8 поени за 25,7 минути по натпревар. На пат е да стане првата кошаркарка што ќе постигне повеќе од еден поен во просек за минута на теренот во 21 век, вклучувајќи ги и лигите NBA, WNBA и NCAA.

Досега единствен што го остварил ова е Џоел Ембид во дресот на Филаделфија во сезоната 2023/24 кога постигнуваше 34,7 поени за 33,6 минути просечно по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на…