Дома Фудбал Неуништливиот Варди најдобар играч во Серија А за ноември

Неуништливиот Варди најдобар играч во Серија А за ноември

Фудбалерот на Кремонезе Џејми Варди беше именуван денес за најдобар играч во Серија А за ноември и стана првиот англиски играч кој ја добил оваа награда.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поранешниот капитен на Лестер одигра три натпревари во ноември во Серија А и постигна гол против Јувентус.

“Варди секојпат покажува дека е играч од друга ера. Неговото доаѓање во Кремонезе беше со одушевување пречекано од сите навивачи на Серија А, а Варди им возвраќа со врвни изведби, вродено лидерство и важни голови, што е резултат на натпреварувачкиот дух и стрелачките вештини што секогаш го одликувале”, изјави извршниот директор на Серија А, Луиџи Де Серво.

Меѓу номинираните за наградата, која ги комбинира гласовите на навивачите со статистичките податоци, беа голманот на Милан Мајк Менје, Лаутаро Мартинез од Интер, Давид Нерес од Наполи, Лео Естигор од Џенова и фудбалерот на Удинезе Николо Заниоло.

Варди одигра 10 натпревари и постигна четири гола за Кремонезе, кој оваа сезона влезе во Серија А и се наоѓа на деветтото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Суарез сака да се врати во репрезентацијата на Уругвај

Повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историја…