Дома Останати Ракомет Навивачи на Вардар биле уапсени во Битола!

Навивачи на Вардар биле уапсени во Битола!

Во Битола вчера беше одиграно дербито помеѓу Пелистер и Вардар, а во него имало и приведено навивачи на скопскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


МВР објави соопштение во кое ги потврди имаало уапсени лица пред почетокот на натпреварот, но и по него. Вкупно во полициска станица завршиле петмина.

На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија. Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…