Дома Фудбал Рамос пред крај на кариерата потпишува за еден од најголемите клубови на светот?!

Рамос пред крај на кариерата потпишува за еден од најголемите клубови на светот?!

Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера во Европа и како што изгледа, многу брзо би можел да се приклучи на својот нов клуб.

Рамос претходно овој месец го напушти мексиканскиот Монтереј, но наводно веќе има официјална понуда на маса за продолжување на својата кариера.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Раководството на Манчестер Јунајтед донесе одлука да со сите сили тргне по легендарниот фудбалер на Реал Мадрид кој го посакуваат на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед во понеделник навечер оствари победа од 4:1 против Вулверхемптон и сега се наоѓа на шестото место на табелата.

Наредниот понеделник ги очекува натпревар против Борнмут на домашен терен и победата би била навистина голема за нив во овој момент.

Сер Џим Ратклиф и INEOS го поддржаа Рубен Аморим со повеќе од 200 милиони евра при летните засилувања, а ќе го поддржат и во јануари.

Фудбалерот е на врвот на списокот кога станува збор за нови играчи, но отворени се и поефтини опции на другите позиции кои би ја засилиле екипата.

Така Аморим би сакал во своите редови да доведе нов стопер и веднаш одлучил на раководството на Манчестер Јунајтед да им предложи да го доведат Рамос.

INEOS е подготвен да ја реализира оваа идеја и наводно ќе направи сѐ за да го доведат сега кога е слободен фудбалер.

Рамос пред неколку дена ја напушти Мексико и сака да се врати во Европа, а како што изгледа може да добие можност да заигра во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ја продлабочи кризара на Реал во Мадрид

Манчестер Сити ги искористи проблемите на Реал Мадрид и победи со 2:1 на “Бернабеу” во нат…