
Вечерва се завршува 5-то коло од ЛШ, но се игра и ½ финалето од интерконтиненталниот куп. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Виљареал – Копенхаген – 1&3+ @ 2.00 во BC.Game
Оваа сезона изгледа фантастично за фановите на Виљареал, но само кога е во прашање Ла Лига. Во домашното првенство, Виљареал е на третото место и има само бод помалку од Реал, а четири од Барселона. Во ЛШ работите се доста поразлични и во првите пет кола освоија само еден бод и тоа на дуелот против Јувентус на домашен терен. Копенхаген исто така се надева на пласман во наредната фаза кој досега има 4 бода, а првата победа ја остварија во минатото коло против тимот на Каират. Овде ние предност даваме на домаќините и типуваме 1&3+ со квота 2.00 во Bc.Game.
Атлетик Билбао – ПСЖ – 2&2+ @ 1.93 во 22Bet
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Билбао имаше пеколен распоред во Ла Лига, а во тој интервал изиграа со Барса, Реал и пред неколку дена со Атлетико Мадрид. Тие победија само на последниот дуел против Јорганџиите, а во останатите два дуели запишаа пораз. Во европското елитно натпреварување, Баскијците освоија 4 бода од првите пет натпревари и тоа не е некој учинок за восхит. ПСЖ пак има 12 бода и учинок од 4 победи, 0 реми и 1 пораз, па за нив пласманот во 1/8 финалето од ова натпреварување не би требало да претставува никаков проблем. Парижаните се фаворити, а нашиот предлог тип е 2&2+ со квота 1.93 во 22Bet.
Бенфика – Наполи – 0-2 @ 1.78 во Bet365
За домаќините ова е последна шанса да влезат во борба која ќе биде за пласман во нокаут фазата. Бенфика победи само еднаш во првите пет кола, а на останатите четири натпревари запишаа четири порази, а да бидеме искрени тоа и не е некој изненадувачки податок. Наполи во неделата победи против Јувентус, па на овој натпревар влегуваат со добро расположение. Во ЛШ освоија 7 бода преку 2 победи, 1 реми и 2 порази, а и за нив приоритет е да стигнат до „европска пролет“. Како и да е, овде очекуваме мирен и неефикасен дуел, па типуваме 0-2 гола со квота 1.78 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.87
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 10.12.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk