Дома Фудбал Скандал: Англиски голгетер уапсен по тепачка во бар, се појави и снимка! (Видео)

Скандал: Англиски голгетер уапсен по тепачка во бар, се појави и снимка! (Видео)

Англискиот напаѓач Аивоан Тони беше задржан од полицијата за време на ноќта по тепачка во еден ноќен клуб во Лондон.

Фудбалерот на Ал Ахли беше приведен под сомнение дека со глава удрил едно од момчињата кои сакале да се фотографираат со него.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Очевидец изјавил за „Сан“ дека група млади луѓе го препозналаТони во клубот и се обидела да се сликаат со него.

“Тони помина покрај масата каде беше групата. Еден од нив го забележа и викаше: ‘Па тоа е Ајван Тони’, по што се обиде да го прегрне и да направи фотографија со него. Но, Тони се противстави и му рече: ‘Тргни се од мене, остави ме’, што заврши со тоа што удри еден од момчињата со глава”, изјавил очевидецот.

Од тој удар, момчето заврши со скршен нос.

Очевидецот исто така сметал дека Тони се чувствувал небезбедно и реагирал за да се заштити од можен напад.

Да напоменеме, Тони минатата година се приклучи на Ал Ахли со трансфер вреден 40.000.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осман Дембеле го засилува гигантот од Премиер лигата?!

Според преносот на Спорт, напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, сè уште нема потпиш…