
Сергеј Бојцов, руски екстремен спортист, организираше несекојдневен настан и играше фудбал на платформа која во тој момент се наоѓаше на височина од 1.800 метри над земја.
Платформата висеше под балон наполнет со топол воздух, а снимките кои беа направени ги воодушевија фановите и им го одземаа здивот.
The world’s first hot air balloon football match at an altitude of 1800 meters.
— Massimo (@Rainmaker1973) December 2, 2025
[📹sergeyboytcov]pic.twitter.com/A0sCgjy23R
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Снимките се направени во Јасногородскиот округ во Тулската област, кој се наоѓа на 240 метри надморска височина, што значи дека тројцата Руси играа фудбал на височина од 2040 метри надморско ниво.
Интересно е дека ова е нов рекорд во однос на височина на која е одигран натпревар, но сепак висината е за половина пониска од стадионот Municipal de El Alto во Боливија, кој се наоѓа на 4.080 метри.
Инаку, Бојцов е познат инфлуенсер по слични акробации и не му е првпат да предизвика гравитацијата. Тој веќе порано споделуваше слични видео записи од спортски активности на височина од 1.500 метри.
Покрај фудбал, на таа висина играл и пинг-понг, а организирал и боксерски натпревар.