Дома Фудбал Арсенал ја разгледува можноста за ангажман на младиот талент од Манчестер Јунајтед

Арсенал ја разгледува можноста за ангажман на младиот талент од Манчестер Јунајтед

Арсенал размислува за ангажман на играч од редовите на Манчестер Јунајтед во зимскиот трансфер период. Микел Артета го бара идеалното решение за зајакнување на средниот ред и Коби Мејну, еден од најголемите таленти на академијата на Јунајтед, се гледа како соодветна опција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештајот на новинарот на ESPN, Марк Огден, младиот Англичанец станал сериозна цел на лондонскиот клуб кој во него гледа потенцијална замена и поддршка за капитенот Мартин Одегард.

Норвешанецот оваа сезона се соочува со постојани проблеми со повреди и во Премиер лигата има започнато само на четири натпревари од првата минута, покрај уште еден старт во Лигата на шампионите. Поради здравствените ограничувања, Одегард често не може да биде на теренот, што за Артета отвора прашање како долгорочно да се пополни неговата позиција во тимот. Мејну одговара на профилот на играч кој може да преземе дел од одговорностите за организација на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …