
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е избран за најдобар тренер во Серија А за сезоната 2024/25 од страна на играчите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наполи минатата сезона го освои второто Скудето во три години и тоа по голема борба, до последното коло неизвесна трка со Интер.
„Минатогодишното Скудето беше навистина тешко освоено, го сакавме со сите сили, знаејќи дека мораме да направиме нешто извонредно за да победиме тим како Интер, полн со шампиони“, рече Антонио Конте на Гала церемонијата во Милан, а пренесе „Фудбал-Италија“.
Тренерот на Наполи ги пофали своите играчи, но и призна:
„Не беше лесно, но останавме во трката благодарение и на обврските на Интер во Лигата на шампионите. Како што времето поминуваше, сè повеќе верувавме, а момците беа навистина извонредни и направија нешто посебно.“
Оваа сезона се очекува уште понеизвесна трка за Скудето. Освен Наполи и Интер, тука се и Милан, Рома, Јувентус…