Дома Фудбал Нејмар во спектакуларен трансфер се враќа во Европа?

Нејмар во спектакуларен трансфер се враќа во Европа?

Поранешниот ас на Барселона и Париз Сен Жермен, Бразилецот Нејмар повторно се најде во центарот на трансфер приказните, и тоа оние кои мирисаат на големо враќање на европската сцена. Британските медиуми последниве денови шпекулираат дека Манчестер Јунајтед би можел да тргне по 33-годишниот ас, што би било едно од најгласните имиња на пазарот пред следниот преоден рок.

Меѓутоа, клучното прашање е дали Нејмар е физички подготвен за Премиер лигата, после низа тешки повреди кои ја одбележаа последната сезона на неговата кариера. За време на престојот во Ал Хилал одигра само неколку натпревари, бидејќи повредата на предните вкрстени лигаменти и долгата рехабилитација практично го одделија од теренот. Саудискиот клуб на почетокот на 2025 година го раскина договорот со него, по што Бразилецот се врати дома.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Нејмар во моментот го носи дресот на Сантос, клубот во кој ја започна кариерата, и со кој летоска ја продолжи соработката до декември 2025 година, што значи дека евентуалното заминување во Европа би било реално само од јануари 2026, доколку двете страни не се договорат поинаку.

Очигледно му не недостасува мотивација, во домашното првенство игра со болки и се обидува да му помогне на Сантос во борба за поцврста позиција, додека паралелно сака да се врати во врвна форма пред Светското првенство. Тој е најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација со 79 голови на 128 натпревари, што доволно зборува каков би бил тоа маркетиншки и спортски адут за кој било клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета сака жестоко да влезе во зимскиот трансфер-период и да ја донесе младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Луѓето од Арсенал веќе полека се подготвуваат за зимскиот трансфер-период каде повторно са…