Дома Фудбал Хаос во Амстердам: Навивачите на Ајакс со лудо пиротехничко шоу ќе предизвикаа пожар на стадионот!

Хаос во Амстердам: Навивачите на Ајакс со лудо пиротехничко шоу ќе предизвикаа пожар на стадионот!

Во неделниот натпревар од холандската лига помеѓу Ајакс и Гронинген се појавија сцени со голема брзина и драматични случувања.

Иако мечот беше замислен како славеничка фудбалска средба, ситуацијата брзо се промени и го доведе стадионот во хаос, бидејќи главниот судија беше приморан да го прекине мечот уште во шестата минута.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Причината за прекинот беше масовната употреба на факели и прскалки, организирани од навивачите на Ајакс – F-Side, кои се наоѓаа на јужната трибина на Јохан Кројф Арената.

Покрај искористувањето на големо количество пиротехничка опрема, факли и ракети, се појави и мал пожар на теренот, кој во еден момент изгледаше како да е вистинска воена зона.

Првиот прекин траеше речиси 40 минути, но и по рестартирањето на натпреварот повторно се употребија факли и пиротехнички средства, што доведе до дефинитивно прекинување на играта од страна на судијата.

ФК Ајакс брзо се огласи со официјално соопштение во кое ги окарактеризира настаните како “целосно скандалозни”. Изразија извинување и нагласија дека пред мечот биле воведени ригорозни мерки за безбедност, вклучително претреси и користење на кучиња за детекција на експлозив, но сепак тие не успеале да го спречат внесувањето на големата количина пиротехничка опрема на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше обвинет за местење натпревари со картони, а вчера беше бизарно исклучен: Навивачите бурно реагираа (Видео)

Срамота е животот и кариерата да бидат засегнати две години без психолошка поддршка од здр…