Дома Фудбал Останато (Видео) Алекс Переира брутално го нокаутираше својот спаринг партнер

(Видео) Алекс Переира брутално го нокаутираше својот спаринг партнер

Алекс Переира, УФЦ шампион, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради борба во рингот. На социјалните мрежи се појави снимка каде тој брутално нокаутира спаринг партнер кој, како што изгледа, го предизвикал во салата. Снимката предизвика лавина од реакции, а многумина се прашуваат дали Бразилецот овој пат претерал.

Переира моментално се подготвува за одбрана на својата неодамна вратена титула во полутешка категорија против Карлос Улберг почетокот на следната година и, судејќи според снимката, влегува во форма на застрашувачки начин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според достапните информации, изгледа дека токму тој борец, наводно по име Нил, самиот го предизвикал шампионот на судир.

Переира го прифати предизвикот сериозно. Спарингот го заврши со брутален нокаут од еден од ретките удари упатени кон главата. Снимката, очекувано, предизвика бурни расправи меѓу фановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ивановски имаше одличен настап во Белград – заврши втор на маратонот!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден одличен резултат, откако на марат…