Дома Фудбал Капитенот размислува да го напушти Сити?

Капитенот размислува да го напушти Сити?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за иднината на Бернардо Силва во тимот на премиерлигашот кој го води.

С оглед на тоа што договорот на Бернардо Силва со клубот од „Етихад“ истекува во јуни следната година, Пеп Гвардиола секогаш добива прашања за португалецот на конференциите за медиумите. Оваа сезона, Силва го доби капитенскиот амблем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред саботниот дуел со Лидс, Гвардиола изјави дека не е сигурен каква одлука ќе донесе Бернардо за својата иднина.

– Го сакам најдоброто за Бернардо и доколку реши да остане, ќе бидам повеќе од задоволен и среќен. Меѓутоа, не разговарам со него за тоа. Му посакувам сè најдобро за неговото семејство. Тој веќе е тука девет години и ќе одлучи што е најдобро за него – објасни Гвардиола.

Гвардиола неодамна изјави дека Бернардо Силва е еден од најдобрите играчи кои ги тренирал во својата кариера. Да потсетиме, овој 31-годишник е дел од клубот од 2017 година, кога пристигна од Монако за 50 милиони евра, додека претходно настапуваше за Бенфика. Со Сити освои титула во Лигата на шампионите, и шест во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп порача дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Toј е кандидат за Реал

Чаби Алонсо доби отказ како тренер на Реал. Неговото место го зазеде Алваро Арбелоа, поран…