
Навикнати сме од УФЦ да често гледаме големи и возбудливи настани, и така ќе биде и на почетокот на 2026 година!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што објави првиот човек на најсилната светска MMA промоција, Дејна Вајт, на 24 јануари ќе го гледаме првиот голем УФЦ настан – УФЦ 324!
Тоа ќе биде и првиот настан што ќе се пренесува на платформата „Paramount Plus“, а веќе е познато и кого ќе гледаме во Лас Вегас, бидејќи голем дел од борбената програма веќе е откриен!
Така ќе видиме две борби за шампионски појаси. Во борбата за привремен појас во лесна категорија, Џастин Гејџи ќе се бори против Педи Пимблет, додека Кајла Херисон ќе го брани појасот во бантам дивизијата против Аманда Нуњес.
.