Дома Останати Кошарка Македонија го прегази Азербејџан – победа од 38 поени разлика во „Кале“

Македонија го прегази Азербејџан – победа од 38 поени разлика во „Кале“

Македонската кошаркарска репрезентација приреди убедлива партија во салата „Кале“, славејќи над Азербејџан со високи 87-49. Нашиот тим од самиот почеток наметна силно темпо и цврста одбрана, па гостите во првите 20 минути беа ограничени на само 21 поен, додека Македонија за тоа време стигна до комотни 40.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И во продолжението избраниците на селекторот не попуштија – разликата постојано растеше, а на крајот мечот заврши со убедливи +38 за домаќините.

Најефикасен на паркетот беше Андреј Јакимовски, кој блесна со 25 поени и 11 скокови. Одличен настап имаше и искусниот Војдан Стојановски, кој мечот го заврши со 16 поени и исто така 11 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува во веројатно последната сезона од…