
Барселона доживеа тежок пораз на Стамфорд Бриџ, губејќи со 3:0 од Челси во натпревар од Лигата на шампионите, што остави обожавателите на каталонскиот клуб да побараат од Жоан Лапорта да се ослободи од еден играч што е можно поскоро.
Поради поразот од Челси, патот на Барселона низ Лигата на шампионите стана многу потежок, со отежната задача да се пласира директно во осмина финале.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Со само три кола до крајот на групната фаза, Барселона се наоѓа на 15. место и ќе и биде потребно чудо за да стане дел од првите осум и да избегне учество во плеј-офот.
Иако беше јасно дека пред нас е многу возбудлив дуел во Лондон, малкумина очекуваа дека “сините” толку доминантно ќе го совладаат шампионот на Шпанија.
Играта на Барселона синоќа едноставно не функционираше, и уште од самиот почеток стана јасно дека тоа не беше нивна вечер, кога Феран Торес во 7-та минута промаши одлична шанса за водство од 0:1.
Едвај дваесет минути подоцна, Барселона заостануваше со 1:0 по автоголот на Жул Кунде, а Роналд Араухо дополнително ја влоши ситуацијата со тоа што доби два жолти, односно црвен картон и го остави својот тим да се бори самостојно.
Во вториот дел, Челси целосно доминираше и ја потврди својата победа со головите на Естевао и Делап.
По натпреварот, навивачите на Барселона ги критикуваа своите играчи на социјалните мрежи, при што Араухо стана главната цел на нивните незадоволства.
Ова не е прв пат Уругваецот на ваков начин да го остави својот тим на цедило, поради што навивачите на Барселона бараат од водечките лица на клубот да го продадат уште во јануари, инсистирајќи дека тој повеќе не заслужува да носи дрес на Барса.
“Араухо никогаш повеќе не треба да игра за Барселона”, “Ова е премногу. Овој играч секогаш не чини, нема смисла. Продадете го веднаш”, “Не сум толку гневен за поразот, колку за Араухо. Се надевам дека никогаш повеќе нема да игра за мојот клуб”.
“Роналд Араухо никогаш не бил добар дефанзивец. Се надевам дека ова му е последно учество во Лигата на шампионите за Барселона”, “Нема шанси повеќе да го бранам овој човек, најдобро ќе биде да замине од клубот уште зимава. Доста е”, се само некои од коментарите на навивачите на Барселона.
Овој 26-годишник стана само четвртиот играч во историјата со два црвени картони во првото полувреме на Лигата на шампионите на два различни натпревара.
🟥 | Seeing red once again
— Sofascore Football (@Sofascore) November 25, 2025
Ronald Araújo has tonight received his fourth red card in a Barcelona shirt since March 2023 — over that time span, only Domingos Duarte (5) has been sent off more times for one side from Europe’s top 5 leagues.
Not quite a captain’s move. 😬 pic.twitter.com/UD2rCXA3jZ
Првпат тоа се случи пред неколку години на меч против ПСЖ, кога Барселона се бореше за полуфиналето на Лигата на шампионите, а токму по црвениот картон на Араухо, сè за Каталонците се распадна како кула од карти.
Истото се случи и синоќа во Лондон, поради што дури и оние кои го бранеа Араухо го изгубија трпението, сега и тие бараат од клубот да го продаде што е можно побрзо.