Дома Останати Ракомет Вардар пред потпис со бразилски репрезентативец!

Вардар пред потпис со бразилски репрезентативец!

Македонскиот ракометен првак активно го гради ростерот за следната сезона, а најновиот сигнал за тоа доаѓа од Србија, каде медиумите објавија дека е постигнат договор со бразилскиот репрезентативец Жоао да Силва. Договорот, како што стои во информациите, би важел од следното лето.

Причината што веста прво се појави во северното соседство е едноставна – Да Силва моментално е член на Војводина. Таму ја минува својата втора сезона, но според српските медиуми, клубот веќе бара начин како да се раздели со него уште во јануари. Бразилецот подолг период е надвор од тимот поради повреда, а евентуалниот раскин на договорот во зимскиот преоден рок би можел да овозможи пристигнување во Скопје шест месеци пред предвидениот термин.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Да Силва игра на позицијата среден бек и зад себе има богато интернационално искуство. Повеќе од десет години настапува низ Европа, бранејќи ги боите на клубови како Адемар Леон, Шамбери, Бенфика, Стеауа и Динамо Букурешт. За бразилската репрезентација има 53 настапи и 114 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…