Дома Фудбал Пред нас е фантастична вечер во Лигата на шампионите, битките на Челзи и Барселона секогаш носеле драма! (Видео)

Пред нас е фантастична вечер во Лигата на шампионите, битките на Челзи и Барселона секогаш носеле драма! (Видео)

Кога Барселона и Челзи ќе се сретнат на фудбалскиот терен, а тоа се случуваше многу пати во нашето столетие, првата асоцијација за многумина е Иниеста? Или можеби црвениот картон на Тери? Или пак пеналпот на Меси?

Имаше толку многу настани што не знаеме од каде да започнеме. Во периодот пред Роман Абрамович (повозрасните се сеќаваат на “италијанскиот Челзи”) со Џанлука Вијали на клупата, Ди Матео, Зола, Сам Дела Бона и Амброзети постигнаа два гола предност (херој на таа вечер на Бриџ беше Норвежанецот Фло), но на крајот Фиго постигнувајќи гол во продолжувањето беше клучен. По регуларните 3:1 на преполнет “Ноу Камп”, Барса во продолжението преку Клајверт и Ривалдо обезбеди влез во следната фаза со 5:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Но, тие се случувања се ништо во споредба со 2006 година, кога Барселона на патот до европската титула го совлада Челзи во Лондон, иако Тијаго Мота постигна автогол и ги воведе Мурињовите момци во водство. И тоа со играч помалку, бидејќи Асиер Дел Орно доби црвен картон. Во реваншот беше 1:1, а потоа тимот на Рајкард ја освои титулата шампион на Европа.

Но, сето тоа не е доволно возбудливо кога ќе се присетиме на Иниеста. Сеуште има фанови на Челзи кои веруваат дека самото небо не им дозволило на “Сините” да ги совладат. Бидејќи, по натпреварувањето без голови во Каталонија, сè беше на страна на Англичаните, Есиен го матираше Валдес, Абидал беше исклучен, а на крајот моментот на магијата на Иниеста во надополнетото време ја одведе Барселона понатаму. Привремениот тренер Хидинк остана во шок, додека Пеп ја заврши својата дебитантска сезона со триумф против Сер Алекс во Рим, освојувајќи ја Лигата на шампионите.

Се чинеше дека една голема генерација на Челзи, по финалето и полуфиналето во две години, заминува од сцена. Но, фудбалот понуди можност за реванш, истата фаза, три години подоцна, полуфинале, Челзи победи на “Бриџ” (Ди Матео овој пат на местото на отпуштениот Вилаш-Боаш), а во реваншот сè беше на страната на Барса (водство од 2:0, исклучен Тери). Но, Рамирес со гол во надополнетото време на првиот дел ги врати “Сините” во игра. Во второто полувреме Меси промаши пенал, Каталонците ги нападнаа голот на Англичаните, а подоцна во надополнувањето Торес постави конечен резултат од 2:2. Челзи ја доби финалето и со тоа отписаната генерација целосно го постигна Абрамовичевиот сон. На друга страна, тоа беше последниот натпрева во кој Пеп Гвардиола го водеше Барса во Лигата на шампионите.

Од тогаш доаѓаат и средбите од 2018 година во осминафиналето, каде што полесно снаодлива Барса, по ремито во западен Лондон, славеше со 3:0, а Меси сам го реши “синиот ребус”.

Сега тимовите повторно ќе се судрат, овојпат во “лига” фазата, но сепак важна средба. Челзи по паузата лесно ги победи Волвс, претходно ги совладаја Ајакс и Бенфика на домашен терен, но загубија во Минхен, додека ремито против Карабаг во Азербејџан беше вистински кикс. И Барса се врати од паузата со лесна победа, пораз го снајде поранешниот тренер Валверде и неговиот Билбао. Не блескаат Каталонците во Европа, реми во Бриџ, пораз од ослабениот ПСЖ на “Монжуик”.

Ова е коло со неколку големи дербија, големиот е исто така во Лондон, каде Арсенал го чека Бајерн, Интер е во Мадрид против својата вечна тренерска желба и некогашниот везен играч “Чоло” Симеоне. Некои сигурици ги покривме во “Бетон”, ПСЖ ќе го дочека Тотенхем, Ливерпул го лечи раните од ПЛ против ПСВ Ајндховен, Сити исто по викенд поразот во Њукасл бара реабилитација против Леверкузен на својот “Етихад”. Ќе видиме дали Јувентус конечно ќе освои победа во Лигата на шампионите, патуваат на север, на Арктичкиот круг, ривал им е Бодо, Реал е голем фаворит во Пиреј…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени кланови во Реал Мадрид – Мбапе против Винисијус?

Нов ден, нови сензационални вести од Мадрид – Чаби Алонсо е под сериозен притисок и …