Дома Фудбал Струга ја продолжи агонијата на Работнички во Првата лига

Струга ја продолжи агонијата на Работнички во Првата лига

Струга оствари значајна победа на гостувањето кај Работнички, славејќи со 3-1 во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гостите од Струга рано го наметнаа ритамот и уште во 11. минута поведоа преку Стефан Јевтоски, кој одлично реагираше во шеснаесетникот. Убавата игра на стружани ја круниса и Малески, кој по излез еден на еден со голманот Василев сигурно реализираше за водство од 2-0.

Работнички се обиде да се врати во натпреварот и преку Имери неколкупати се закани, но голманот на Струга одлично го зачува својот гол. Сепак, скопскиот тим успеа да намали на 1-2 во 54. минута и да внесе нова динамика во мечот.

Сите дилеми околу победникот ги разреши Шабани, кој во 70. минута стрелаше за конечни 3-1 и потврди ново славје на Струга во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…