
Maкедонската кошаркарска репрезентација денеска ги започна подготовките за натпреврите со Азербејџан и Ирска во квалификациите на Европското првенство.
Во овие два дуели Македонија одново ќе биде без Ненад Димитријевиќ.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
На средбата со новинарите, селектоорт информираше дека Димитријевиќ првично прифатил да игра за Македонија, но потоа престанал да се јавува.
„Ненад Димитријевиќ пред дваесетина дена информира преку тим-менаџерот Бојан Георгиевски дека сака да присуствува на собирот и дека ќе одговори на претквалификациите. Во последната недела таа релација не постои, бидејќи на јавувањето, не се јавува. Можеби најдобро ќе биде одговорот за Димитријевиќ да го даде Георгиевски, затоа што тој е задолжен за играчите. За Нено се врзани многу шпекулации, но јас можам да кажам дека се додека јас сум тука селектор, ќе биде ставен на список и повикуван, а негово е дали ќе одговори на повикот или не. Од наша страна, за таков играч и за тоа колку тој значи за репрезентацијата, вратите се отворени.“, заврши Марјан Илиевски.