
Тадија Пантиќ (23), застреланиот водач на една навивачка група на Партизан, според оперативните податоци, бил на мета на врачарскиот криминален клан!
Да потсетиме, оваа година два пати, со пет месеци разлика, бил мета на напаѓачите и двата пати успеал да ја избегне смртта. Првиот пат беше нападнат на мостот Газела во Белград, кога група навивачи на скутери го опкружиле автомобилот во кој навивачите на Партизан, меѓу кои бил и сега убиениот Пантиќ, се враќале од кошаркарскиот натпревар. И тогаш се пукало. Вториот пат, егзекуторите за Тадија Пантиќ подготвиле експлозивна направа, која планирале да ја постават под неговото возило, но имале еден непланиран настан, благодарение на кој Пантиќ преживеал.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Се сомнева дека експлозивот „пентрит“ со голема разорна моќ, кој експлодираше на 1 октомври во станот на улицата Косовска во Белград, бил наменет за Пантиќ, но манекенот, кому му била предадена адската направа, случајно го активирал и така го уништил станот и себе – нагласува српскиот извор и додава дека тогаш се појавиле оперативни податоци кои укажувале дека во планирањето на убиството е вмешан врачарскиот клан, чиј лидер е Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар. Тој инаку е осуден во Германија на 12 години затвор за тешки злосторства.
Конфликтот на фракции на „навивачите“ кои се поврзаа со криминалните групи трае веќе некое време. Пантиќ очигледно беше приоритетна мета. Според некои податоци, тој беше на мета на „врачарците“, кои делуваат и откако дел од членови на кланот веќе биле уапсени и им се суди, а нивниот водач е во затвор во Германија – наводи извор запознат со случувањата во подземјето.