Дома Фудбал Драма: Фудбалери спасуваа возач од запалено возило! (Видео)

Драма: Фудбалери спасуваа возач од запалено возило! (Видео)

Тројца фудбалери на хрватскиот нисколигаш Ускок Клис станаа вистински херои на вчерашниот ден откако извлекоа несреќен возач од запален автомобил.

Илија Ступало, Игор Врвило и Јосип Зељковиќ се најдоа на совршеното место во идеално време по натпреварот на Ускок како гости во Ждралови.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тие беа сведоци на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу 22 часот на автопатот А1 во близина на Масленица, локација која е на триесетина километри од Задар.

Според информациите од Далматински портал, автобусот на Ускок претрпел оштетување во сообраќајката. Во него удрил автомобил, кој потоа продолжил неконтролирано да се движи и се запалил.

Додека огнот се ширеше и се закануваше да го проголта целото возило, фудбалерите Илија Ступало, Игор Врвило и Јосип Зељковиќ со заеднички напори успеаја да го извлечат возачот од пламените во последен момент и му го спасија животот.

Пламените брзо го зафатија целиот автомобил, но благодарение на храброста и присебноста на играчите на Ускок, катастрофата беше избегната.

Навреме реагираше и итната медицинска служба, но животот на несреќниот возач беше спасен главно поради херојската реакција на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како фудбалерите на Северна Кореја се „поздравуваа“ со Јапонците, се бара реакција од ФИФА (ВИДЕО)

Фудбалската кадетска репрезентација на Северна Кореја го привлече вниманието на Светското …