
После паузата за репрезентации конечно ни се враќа клупскиот фудбал, а со тоа и понудата станува далеку побогата. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Мајнц – Хофенхајм – ГГ @ 1.50 во BC.Game
Екипата на Мајнц оваа сезона е дефинитивно едно од поголемите разочарувања. Имено, тие на пауза заминаа како дел од опасната зона, поточно се наоѓаат на делба на последната позиција на табелата и досега освоија само 5 бода. Хофенхајм пак спротивно од нив е на горниот дел и бележат засега солидни резултати, а ако продолжат со вакво темпо многу лесно може да се најдат во борба за пласман во Европа. Како и да е, овде ние очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ со квота 1.50 во Bc.Game.
КФУМ Осло – Бодо/Глимт – 2/2 @ 2.10 во 22Bet
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
КФУМ Осло е тим во норвешката прва лига кој се наоѓа на средината на табелата, а со оглед на тоа што нивните амбиции се насочени само кон навремен опстанок, може да кажеме дека досега се задоволни со постигнатото. За разлика од нив, Бодо „брка“ титула и на две кола пред крајот на сезоната имаат еден бод помалку од Викинг, па слободно може да констатираме дека на овој натпревар немаат право на кикс. Ние веруваме дека ќе земат лесни три бода и типуваме 2/2 со квота 2.10 во 22Bet.
Херта – Брауншвајг – 1 @ 1.55 во Bet365
Херта после лошиот почеток, конечно влезе во многу добра форма. Најдобар доказ за тоа ни се резултатите од последните пет натпревари каде што овој тим запиша четири победи и само еден пораз. На гости овој пат им доаѓа Брауншвајг, тимот кој е во црвената зона и кој после 12 изиграни натпревари успеа да земе само 10 бода. Ние овде очекуваме тимот на Херта да доминира и да ги земе трите бода без поголеми проблеми. Наш предлог тип е 1 со квота 1.55 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.88
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 21.11.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk