Дома Фудбал Цел свет на Ливерпул му фаќа сеир поради Вирц, а тие велат: Тој е иден освојувач на „Златната топка“!

Цел свет на Ливерпул му фаќа сеир поради Вирц, а тие велат: Тој е иден освојувач на „Златната топка“!

Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, уверува дека Флоријан Вирц е играч кој ќе придонесе за понатамошниот развој на клубот.

Иако се наоѓа под притисок поради недостаток на видливи резултати, имајќи предвид дека беше донесен за над 130.000.000 евра, Флоријан Вирц инспирира со својата игра на теренот, барем така сметаат во Ливерпул.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Статистиката можеби недостига за да го потври ова, но сите се уверени дека резултатите ќе дојдат со време. Тимот генерално не е во најдобра форма, и лесно е да се стави фокусот на играч кој и понатаму се адааптира..

По бројните аналитичари кои уверуваа дека Флоријан Вирц ќе заблеска, Том Вернер, еден од водечките луѓе во клубот, даде изјави за книгата на познатиот новинар Џејмс Пирс. Вернер соработува со Џон Хенри во Fенвер спортската група, која раководи со Ливерпул и Бостон Ред Сокс.

„Кога има на располагање играчи од ваков калибар, треба да се искористи таа можност. Флоријан е неверојатен талент. Потенцијален освојувач на Златната топка. Доколку половина од предвидувањата за Вирц се остварат, тој ќе биде од огромна корист за нас“, вели Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во групата на Македонија играше најслабата репрезентација во квлификациите: Не постигнаа гол и беа послаби од Гибралтар и Сан Марино

Квалификациите за Светското првенство во Европа завршија, и останаа уште плејоф натпревари…