Дома Фудбал Комедија: Погледнете каков гол беше постигнат во македонската Трета лига (Видео)

Комедија: Погледнете каков гол беше постигнат во македонската Трета лига (Видео)

Несекојдневен момент го одбележа дуелот меѓу Вардар Брвеница и Ренова (3-2), каде што Андреј Стојановски успеа да се најде меѓу стрелците на навистина необичен начин.

По една топка испратена кон него, Стојановски се намести за удар, но во моментот на шут – се лизна. Се чинеше дека ситуацијата е рутинска за противничкиот голман, кој требаше лесно да ја смири топката.

Но наместо сигурна интервенција, уследи голема грешка. Топката му се провлече меѓу нозете и заврши во мрежата, на општо изненадување на сите присутни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…