Дома Фудбал Покетино налутено до новинарот: Јас сум селектор, не сум економ

Покетино налутено до новинарот: Јас сум селектор, не сум економ

Тензии во репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, еден од домаќините на претстојното Светско првенство, очигледно растат како што се приближува 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Маурисио Покетино се најде во остри расправии со американските новинари по убедливата победа против Уругвај со 5:1.

Иако САД забележа една од најголемите победи во поновата историја, атмосферата на конференцијата беше исклучително напната.

„Јас сум селектор, не сум економ или домар!“

Покетино му порача дека го фрустрира аргументот за „стандардни играчи“:

„Изгледа како да изгубивме 5:1. Јас сум селектор на репрезентацијата, не сум економ или домар. Кажете ми, за кој ‘стандарден играч’ зборувате? Не разбирам што значи тоа.”

Новинарот се обиде да објасни дека мисли на поискусни играчи, но Покетино не попушти:

„Кои поискусни? Треба да зборуваме на начин кој им честита на играчите. Доколку играч кој не е ‘стандарден’ ја види оваа ситуација и одигра добро, ќе се почувствува разочарано. Искрено, уморен сум и можеби денес не го разбирам англискиот, но сум разочаран од овие прашања. Не знам што очекувате да кажам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…