
Aлехандро Грималдо е име што се појавува на фудбалскиот пазар.
Според пишувањата на каталонските, но и германските медиуми, Барселона и Баерн Минхен тргнуваат по Грималдо.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Шпанецот следното лето влегува во последната година од договорот и Бајер Леверкузен ќе биде принуден да го продаде за да не си замине без обештетување.
Каталонските медиуми истакнуваат дека во клубот се загрижени поради слабата форма на Алехандре Балде, кој оваа сезона не е ни бледа сенка на играчот од минатата година, и веруваат дека Грималдо би можел да биде одлична опција на пазарот.
Не е тајна дека Грималдо има симболична откупна клаузула која изнесува меѓу 15 и 20.000.000 евра, но проблемот е што и – Баерн Минхен го посакува.
Оваа вест ја потврди уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој истакнува дека Венсан Компани смета дека Грималдо би бил одлично решение на левата страна.
Во прилог на ова оди и фактот дека Рафаел Гереиро ќе го напушти клубот бидејќи е во последната година од договорот, така што е јасно дека Баерн ќе тргне по уште еден лев бек.
Грималдо во Бајер пристигна во летото 2023 година од Бенфика и под водство на Ќаби Алонсо експлодира и стана еден од најдобрите бекови, не само во Бундеслигата, туку и во „петте лиги“. Забележете го овој податок – откако дојде во Германија, Грималдо одигра 114 натпревари со импресивен учинок од 27 голови и 37 асистенции.