Дома Останати Тенис Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно постигна неверојатен успех во својата кариера.

Според официјалните податоци, Ѓоковиќ сега е играчот кој има најмногу недели поминати меѓу првите четири на АТП листата, и таа бројка изнесува 808.

За потсетување, Ѓоковиќ е рекордер по бројот на недели поминати на првото место на ранг-листата со вкупно 428 недели. Тој исто така држи рекорди за недели во Топ 2 со 599 недели и Топ 3 каде што има 756 недели.

С овој најнов успех, тој стана играчот кој најдолго е на некоја од првите четири позиции на АТП рангирањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Инцидент во Пекинг: Ѓоковиќ удрен во глава! (Видео)

Новак Ѓоковиќ се најде во непријатна ситуација по завршувањето на тренингот пред почетокот…