Дома Фудбал Останато Ваков нокаут не се гледа често: Противникот доби нога во глава (Видео)

Ваков нокаут не се гледа често: Противникот доби нога во глава (Видео)

Американскиот ММА борец Бо Никал се врати триумфално на победничката патека, нокаутирајќи го бразилскиот мајстор на партерот Родолфо Вијера на настанот УФЦ 322. Борбата беше најавена како пресметка помеѓу два врвни греплери, но Никал од самиот почеток покажа дека е многу покомплетен борец, доминирајќи во октагонот и обезбедувајќи важна победа по неговиот прв пораз во кариерата.

Третата рунда донесе спектакуларен завршеток. Вијера тргна на се или ништо, но Никал трпеливо го чекаше моментот. Следеше разорен „хај-кик“, директно во глава, прецизен и силен, во стилот на легендата Мирко Кро Кап, кој го испрати Вијера на подот и ја заврши борбата. Официјално време на нокаутот беше 2 минути и 24 секунди од третата рунда.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Нова снимка од масовната тепачка меѓу тимот на Мекгрегор и Дагестанците

Пред да започне главната борба на УФЦ 322 настанот се случи голем инцидент, кога се судриј…