Дома Фудбал Милевски: Фудбалерите исполнија сè што побарав, но за жал не победивме

Милевски: Фудбалерите исполнија сè што побарав, но за жал не победивме

Македонија денеска ремизираше против Летонија (0-0) во пријателскиот меч во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Благоја Милевски кажа дека сите задачи од фудбалерите биле исполнети, но немале среќа да постигнат гол.

„Сето она што си го зададовме како цел за овој натпревар, го исполнивме. Тоа беше да испробаме нова тактика која ќе ја користиме во иднина и поради тоа мора да сум задоволен како фудбалерите ги одработија дадените задачи. Мораме да бидам задоволен затоа што сите кои настапија денеска ја оправдаа довербата, тоа ми дава чувство на задоволство да можам да сметам на секого во иднина на секоја позиција која што сум ја замислил. Сите 28 фудбалери во составот го даваат својот максимум, без разлика колку минути ќе поминат на теренот“, истакна Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …