Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед го тужи сегашниот клуб поради негрижа при повреда, бара еден милион евра

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед го тужи сегашниот клуб поради негрижа при повреда, бара еден милион евра

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за отштета во износ од еден милион евра поради наводно невнимание во третманот на повредата на грбот, тврдејќи дека тоа му предизвикало „значајни” и долгорочни проблеми. Туанзебе, кој беше дел од младинската академија на славниот клуб, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се објавени клучните детали на случајот.

Главната точка на тужбата се однесува на скршеница на долниот дел од ‘рбетот (скршеница на pars interarticularis) која ја доживеа во јануари 2020 година. Судските документи наведуваат дека повредата му предизвикала “значителна болка и непријатност од моментот на нејзиниот почеток и влошување”.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Проблемот, како што се тврди, станал хроничен во јули 2022 година, кога Туанзебе ја добил истата повреда, но на десната страна од долниот дел на ‘рбетот. Според тужбата, со правилен третман, веројатно ќе биле избегнати идни компликации.

“Соодветните планови за третман би можеле, со голема веројатност, да резултираат во тоа дека тужителот избегнува наведената болка и непријатност и би му овозможиле да игра професионален фудбал на врвно ниво без ограничувања или пречки”, стои во документите. “Како што е сега, иако продолжува да игра на врвно ниво, тоа влијаеше на неговата кариера и заработка.”

Туанзебе и неговиот правен тим тврдат дека Манчестер Јунајтед не му обезбеди доволно време за опоравување од повредата, ниту пак го упати на специјалист за спортска хирургија на ‘рбетот по скршеницата. Одбраниот, кој денес игра за прволигашот Барнли, верува дека проблемот не би станал хроничен доколку клубот постапел поинаку.

Туанзебе почна во младинската школа на Манчестер Јунајтед. Дебитираше за првиот тим во 2017 година и одигра 37 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Барселона го купува Хари Кејн

Британски „Гардијан“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека капитенот на Англија, Ха…